Top Sport

Чави Пасквал ја напушта Барселона

Чави Пасквал, долгогодишниот тренер на ракометната секција на Барселона, ќе замине од клубот по завршувањето на сезоната. Тренерот кој од 2009 година седи на клупата на Барселона, со претседателот Џоан Лапорта, се договорил, предвреме да го раскине договорот кој истекува во 2022 година.

Пасквал за 12 сезони освои речиси 50 трофеи со Барселона, од кои најзначајни се двата во Лигата на шампионите, во 2011 и 2015 година.

Медиумите шпекулираат дека Пасквал кариерата ќе ја продолжи во Динамо Букурешт, додека на неговото место во Барселона ќе пристигне актуелниот тренер на Хановер, Антонио Карлос Ортега.

Scroll to Top