Top Sport

Червар: Богаташот од Русија на македонскиот ракомет му остави една голема нула

Поранешниот тренер на Металург и селектор на Македонија, Лино Червар, во кратко интервју за порталот „Индекс“, ги коментирал настапите на Хрватска и Македонија, во првото коло на Европското првенство.

Македонија, во четвртокот, во еден неизвесен натпревар доживеа пораз од Словенија (25:27). Коментирајќи го резултатот, Червар се осврнал и на периодот кога тој работеше во Македонија, како тренер и селектор.

„Знаете зошто беа на чекор до сензација? Бидејќи против екипа, составена од фантастични интернационалци играа со ракометари од Втора и Трета лига. Почнаа натпревар со момци кои никогаш не играле толку важен натпревар, а до самиот крај ја држеа в раце Словенија. Тоа е исправен пат, така се работи. Додека бев во Македонија, постоеја две страни. Мојата беше да се потпреме на деца, на наши клинци од кои ќе формираме играчи и луѓе. И постоеше вардаровата страна. Дојде богат човек од русија, купи се што можеше да се купи и ја освои Лигата на шампионите. Но, што му остави тој на македонскиот ракомет? Ништо, една голема нула. Таква стратегија може да донесе краткорочно задоволство, но тука нема никаква иднина“, рекол Червар.

Македонија, вечерва од 18 часот, во второто коло ќе игра против Црна Гора.

Scroll to Top