Top Sport

Червар: Добро ги познавам Македонците, сите сум ги тренирал

Хрватска, според очекувањата, забележа победа над Јапонија 35:27, победа која веројатно не значи ништо, бидејќи во втората фаза се пренесуваат бодовите освоени против првите три селекции во групата.

Хрватите Светското првенство го започнаа со две победи, над Исланд и Јапонија, а вистински тест за нив ќе биде денешниот натпревар против Македонија.

„Наша цел се ОИ во 2020 година, тоа го сакаме. Сега не очекува еден тежок меч против Македонија. Мораме да одиме понатаму не смееме да бидеме задоволни со четири освоени бода. Мораме да го држиме ритамот, мораме да го извлечеме најдоброто од нас. Ако целиме на повисоко, повеќе ќе дадеме. Мораме да играме уште поцврсто во одбраната. Натпреварот со Македонија може да реши многу работи. Ме загрижуваат 18. технички грешки против Јапонија. Добро ги познавам Македонците, сум ги тренирал сите, имаат голем мотив да не победат. Имаат свој стил, паметно играат на чело со Кире Лазаров. Мораме да играме јако доколку сакаме да победиме“, изјавил хрватскиот селектор Лино Червар.

Натпреварот од третото коло во Б-групата на Светското првенство, помеѓу Македонија и Хрватска, ќе започне во 18 часот.

Scroll to Top