Top Sport

АО: Лесни победи за Шарапова, Кербер, Стивенс, испадна Остапенко

Марија Шарапова, шампионската од 2008 година, лесно го мина првото коло на Австралија опен. Од фаворитките во првата рунда испадна Елена Остапенко, која само ја потврди лошата форма.

Шарапова која се наоѓа на 30.место на ВТА листата, ја декласира 100 места послабо рангираната Британка Херијет Дарт. За 64 минути игра Шарапова не и дозволи на противничката да освои ниту еден гем и славеше со 6:0/6:0.

foto: epa

Петтата на ВТА листата Слоан Стивенс лесно се справи со Тејлор Таузенд. Стивенс која е „фаворит од сенка“ на Австралија опен победи во два сета 6/4, 6/2.

Летонката Елена Остапенко минува низ лош период од кариерата. Од минатогодишниот Вимблдон, Летонката има забележено само пет победи, а поразот од Марија Сакари и беше петти во низа. Сакари славеше со 6/1, 3/6, 6/2.

foto: epa

Рутински пласман во втората рунда избори Германката Анжелик Кербер. Во два сета (6/2, 6/2), таа ја победи Полона Херцог.

Првото коло го минаа Арина Сабаленка, Роберта Питерсон, Каролин Гарсија, Анастасија Пављученкова, Тимеа Бабош, Анет Контавејт, Кики Бертенс, а испадна 14. носителка Германката Јулија Гергес.

Американката Даниел Роуз Колинс славеше во дуелот со Гергес во три сета 2/6, 7/6, 6/4.

Мечот помеѓу Кејти Боултер и Екатерина Макарова ќе влезе во историјата на Австралијан опен, бидејќи по промената на правилата за решавачкиот сет е првиот во кој се играше супер тај-брејк.

Победи Британската Боултер со 6/0, 4/6, 7/6 (10/6).

Scroll to Top