Хрватскиот селектор Лино Червар се одличи да изврши рокада на голманската позиција во пресрет на дуелот од последното коло помеѓу домашната селекција и Шведска.
Червар го искорсити своето право да може да изврши промена и на местото на Мирко Алиловиќ ќе внесе Иван Пешиќ.
Членот на стручниот штаб на Хрватска, Владо Шола, рекол дека замената е поради тактичките замисли на селекторот.
Инаку Алиловиќ според статистиката не беше ниту меѓу првите 20 голмани на турнирот. Во првите две средби одбрани шест од 34.удари упатен кон неговиот гол.