Top Sport

Червар: Македонија ќе биде мотивирана и со многу навивачи

Селекторот на Хрватска, Лино Червар, на Светкото првенство во Данска и Германија на располагање ќе има 18 ракометари. Поранешниот тренер на Металург и на репрезентацијата ги коментирал противниците на Хрватска, во Б-групата.

„Знаеме дека Шпанија е европски првак, но и земјите како Јапонија и Бахреин, а особено Јапонија можат да изненадат. Македонија сигурно ќе биде мотивирана и против нас ќе има многу навивачи. Фокусот ние на Исланд, очекувам тежок натпревар. Ги следиме сите репрезентации, исто како што тие не следат нас“, рекол Червар.

Натпреварите во Б-групата ќе се играат во Минхен. Хрватска во првото коло ќе игра против Исланд на 11.јануари, а со Македонија ќе се сретне во третата рунда, на 14.јануари од 18 часот.

Scroll to Top