По потврдата дека Златко Хорват потпишува за Металург, прекинувајќи ја 25-годишната соработка со ППД Загреб, иако клубот му понудил едногодишен договор, се јави и хрватскиот селектор, но и поранешен прв човек на Металург, Лино Червар со помалку потценувачка изјава.
Червар од 2009 до 2017 година беше прв човек на Металург, а му беше тренер на Хорват и во Загреб и во хрватската репрезентација.
„Искрено, многу ме изненади одлуката на Златко, но очигледно во тимот влегол некој спонзор. Се дограбиле до пари и носат и други играчи. Очигледно е дека Хорват оди таму поради силната понуда, бидејќи не гледам друга причина да го напушти ППД Загреб“, вели Червар во изјава за „24 сата“.