По „циркусот“ кој го приредуваше словенечкиот селектор Веселин Вујовиќ, и хрватскиот стратег Лино Червар изјави дека не му се јасни критериумите на судиите на Евро 2018 откако Хрватска едвај стигна до 25:23 победа над Белорусија.
„Сакаа да ме ’укокаат’, убиството беше подготвено, но не успеаја. Како да играме на гости според овие критериуми. Судењето не ми е јасно. Подготвено убиство, но операцијата неуспешна, нели?“, вели Червар, кој не посочи кои точно одлуки на судиите му пречеа.
Тој исто така ја критикуваше и публиката, бидејќи во загрепската „Арена“ имаше барем 6 илјади слободни места.
„Штета за атмосферата“, додаде Червар.