Top Sport

Червар влезе во ракометната историја

Лино Червар (70) поранешен тренер на Металург и репрезентацијата на Македонија влезе во историјата на светскиот ракомет. Тој е третиот тренер во ракометот кој успеал како селектор да избори двоцифрен број на полу-финалиња, на големите натпреварувања.

Червар во неколку мандати со Хрватска играл на 13 големи натпреварувања, а на тековниот европски шампионат десетти пат ќе игра во завршницата.

Червар зад себе го остави легендарниот руски селектор Владимир Максимов кој девет пати играл полу-финале со „зборнаја“.

Пред него, на вечната листа се двајца исто така легендарни селектори, Клод Онеста од Франција (2001-2016) и Бенгт Јохансон од Шведска (1998-2004).

Онеста и Јохансон со своите репрезентации 14 пати играле најмалку во полу-финалето.

Scroll to Top