Top Sport

Голманот на Јунајтед го уништил скапоценото Ламборџини (Фото)

Серхио Ромеро, 32 годишниот голман на Манчестер Јунајтед, доживеал сообраќајна несреќа во близина на клупскиот тренинг-камп, во Карингтон.

Аргентинскиот голман, кој во 2015 година е донесен во тимот за да му биде резерва на Давид Де Хеа, во несреќата не е повреден но успеал да го уништи својот автомобил Ламборџини вреден 170.000 фунти (199.000 евра).

Фотографиите од местото на несреќата покажуваат дека Ромеро имал многу среќа бидејќи предната страна на автомобилот е уништена откако поминал под заштитната ограда и се забил во дрво.

Веднаш по несреќата Ромеро се појавил на тренингот на Манчестер Јунајтед.

Аргентинецот, кој има 96 настапи за својата репрезентација, сезонава нема настап во Премиер лигата, го чувал голот на Јунајтед на четири натпревари во Лига Европа, три во Лига купот и два во ФА купот.

Scroll to Top