Ракометниот репрезентативец на Чешка, корпулентниот Павел Хорак ја менува клупската средина. Играчот кој е дел од белоруски Мешков Брест од наредната сезона ќе настапува во најсилната европска ракометна лига, Бундес лигата, во тимот на Кил.
Тренер на „зебрите“ од овој јуни ќе биде прославениот чешки ракометар, Филип Јиха. Идното лето Кил ќе се засили и со феноменалниот норвешки лев бек Сандер Сагосен кој ќе го напушти ПСЖ и ќе се пресели во Германија.
Чешкиот репрезентативец и претходно има настапувано во Бундес лигата. Беше дел од екипите а Гепинген, Фуксе Берлин и Ерланген.