Специјализираниот ракометен портал „handball-planet.com“ го отвири гласањето за најдобрите во 2017 година. Покрај ракометните фанови, гласаат и 30 новинари од целиот свет, а оминирани се четворица ракометари на европскиот првак Вардар и капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров.
Традиционално, Лазаров е номиниран во категоријата најдобар десен бек, а конкуренти му се екс играчот на Вардар, Алекс Душебаев кој сега игра во Кјелце, односно Ласли Наѓ од Веспрем и Недим Ремили од ПСЖ.
Од редовите на Вардар се номинирани голманот Арпад Штербик, левото крило Тимур Дибиров, средниот бек Лука Циндриќ и дефанзивецот Илија Абутовиќ.
Конкуренти на Абутовиќ за признанието дефанзивец на годината ќе му бидат Виран Морос (Барселона), Тобијас Карлсон (Фленсбург) и Лука Карабатиќ (ПСЖ).
Во категоријата за најдобро лево крило покрај Дибиров во конкуренција се Џери Толбринг и Гудјон Валур Сигурдсон од Рајн Некар, односно Уве Генсхајмер од ПСЖ.
Жестока е конкуренцијата и за најдобар плејмејкер во која покрај Циндриќ се уште и Мате Лекаи (Веспрем), Никола Карабатиќ (ПСЖ) и Андре Шмид (Рајн Некар).
За наградата најдобар голман во 2017 година конкурираат Штербик, Никлас Ландин (Кил), Маријас Андерсон (Фленсбург) и Гонзало Перез де Варгас (Барселона).
Гласањето за најдобрите во ракометот е во тек, а може да се гласа на следниот линк.