Top Sport

ЧСМ издржа за трето место во ЛШ

ЧСМ Букурешт стигна до третото место на Фајнал фор турнирот од ракометната Лига на шампиони, откако прво пропушти огромна предност против Ростов, за на крајот да стигне до тесна 31:30 победа.

Романскиот клуб, каде што од следната сезона ќе завршат голем број на ракометарки на Вардар, имаше предност од дури пет голови на полувремето (19:14), но инспирираните ракометарки на Ростов успеаја да се вратат за драматична завршница. Сепак, искуството беше на страна на ЧСМ.

Лине Јергенсен беше најефикасна кај ЧСМ со седум голови, додека шест имаше Изабеле Гулден, додека кај Ростов по пет гола постигнаа Марина Судакова и Викторија Боршченко.

Scroll to Top