Top Sport

Крај на ПЛ: Лестер и Тотенхем со „класика“ со 9 гола, збогум за Венгер, Салах рекордер… (видео)

Уште една сезона од англиската Премиер лига е зад нас, со сите возбудувања, неизвесности, пресврти, голови и потези. Манчестер сити е заслужениот шампион, а ВБА, Стоук и Свонси патуваат во Чемпионшип.

Последното 38. коло од шампионатот, не носеше големи резултатски неизвесности, бидејќи позициите на табелата веќе беа воглавном одредени, но тоа не пречеше да има неколку возбудливи натпревари, но и емотивни збогувања.

„Класиката“ на последниот ден дефинитивно се одигра на „Вембли“, каде што Тотенхем стигна до неверојатна 5:4 победа над Лестер сити во меч во кој гостите во еден момент водеа со 2:1, а потоа се вратија за израмнување на 4:4 пред Хери Кејн да го реши мечот со својот втор гол во 76. минута.


Со победата, Тотенхем го обезбеди третото место на табелата зад Манчестер јунајтед (кои со 1:0 ги совладаа Ватфорд) и Ливерпул, кои не дозволија никакви изненадувања и со 4:0 рутински го совладаа Брајтон, а нивната прва ѕвезда Мо Салах (кој претходно ја доби наградата за најдобар играч оваа сезона) постигна еден гол за да го сруши рекордот по бројот на голови во ПЛ со 32. гола во 2017/18. Со ова тој се одвои од Кристијано Роналдо, Алан Ширер и Луис Суарез, кои имаа по 31 гол во сезона со 38 натпревари.

 

Во Хадерсфилд се одигра еден историски меч, последен на Арсен Венгер на клупата на Арсенал, и топчиите го испратија со минимална 1:0 победа благодарение на голот на неговото последно засилување во клубот од северен Лондон – Пјер Емерик Обамејанг во финишот на првото полувреме.

Свој последен меч на клупата на Челси можеби имаше и Антонио Конте, откако „Сините“, кои лани доминантно ја освоија титулата, загубија со високи 3:0 на гостувањето кај Њукасл со што и дефинитивно нема Лига на шампиони за нив, бидејќи Ливерпул остана недостижен.

Шампионот Манчестер сити стигна до доцна победа над Саутемптон од 1:0, за тимот на Пеп Гвардиола да надмине 100 поени во една сезона.

 

ПРЕМИЕР ЛИГА, ПОСЛЕДНО 38. КОЛО

Барнли – Бурнемаут 1:2

Кристал палас – Вест Бром 2:0

Хадерсфилд – Арсенал 0:1

Ливерпул – Брајтон 4:0

Манчестер јунајтед – Ватфорд 1:0

Њукасл – Челси 3:0

Саутемптон – Манчестер сити 0:1

Свонси – Стоук 1:2

Тотенхем – Лестер 5:4

Вест Хем – Евертон 3:1

Scroll to Top