Ракометарите на Црна Гора приредија вистинска сензација во квалификациите за пласман на ЕП. Црногорците, во драматичен меч забележаа победа над актуелниот олимписки и светски првак Данска 32:31 (16:17).
Ова е значајна победа за Црна Гора, со која ќе го поништат лошиот старт во квалификациите. Во првите две кола Црна Гора ремизираше 24:24 со Фарските островои и загуби од Украина 24:29.
Централна фигура на натпреварот беше голманот Небојша Симиќ, кој бранеше н неверојатно ниво и забележа 22 одбрани, а успеа да постигне и еден гол. Нападот на Црна Гора го предводеа Милош Божовиќ со седум, односно Владан липовина и Стеван Вујовиќ со по четири гола.
Кај Данска најефикасни, која до овој меч имаше 15 победи во низа, со по шест гола беа Микел Хансен и Андрес Закаријесен.
foto/vijesti.me