Top Sport

Чупиќ донесе прва победа на ППД Загреб во ЛШ од март 2020!

ППД Загреб, конечно, дочека, победувајќи ги Мешков Брест со 31:24 за ниви прв триумф во меч од Лигата на шампионите на ЕХФ од март 2020 година.

Лошата серија на „плинарите“ достигна неверојатни 23 меча во ЛШ без победа, додека сега во „црна“ низа е белорускиот клуб, кој има 10 меча без победа во елитното натпреварување.

Откако на гостувањето во Белорусија пропуштија голема шанса за победа, овојпат момците на поранешниот македонски селектор Ивица Обрван по неизвесното прво полувреме и водството на Мешков на стартот на второто, се консолидираа и стигнаа до убедлива победа.

Ветеранот Иван Чупиќ беше најефикасен со осум гола, додека шест додаде Звонимир Срна.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ

ГРУПА А

ППД Загреб – Мешков Брест 31:24 (14:14)

Монпелје – Елверум 39:32 (19:16)

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top