Иван Чупиќ по завршувањето на сезоната ќе го напушти Вардар. Специјализираниот ракометен поратал, Planet Handball, објави дека десното крило ќе се врати во Загреб.
Според овој извор, Чупиќ, со Загреб ќе потпише три годишен договор.
Иван Чупиќ, пет сезони е во Вардар, тој даде голем придонес во освојувањето на двете титули во Лигата на шампионите.