Top Sport

Мадрид се подготвува за финалето од Лигата на шампионите (Видео)

Мадрид станува главен град на фудбалот, а сите погледи се свртени кон Шпанија. Во пресрет на финалето од Лигата на шампионите, центарот на Мадрид се подготвува да ги пречека туристите. На главниот плоштад Плаза Мајор се оградува просторот, каде ќе има фан зона. Безбедноста е на највисоко ниво.

Фановите пристигнуваат од целиот свет, но, најмногу туристи се очекуваат да дојдат од Англија. Најголемата гужва ќе биде во петок, ден пред големото финале, каде силите ќе ги одмерат Ливерпул и Тотенхем.

Во исто време се реализираат активностите од овогодинешната сезона на проектот „Фудбал за пријателство”. Македонската делегација пристигна во Мадрид, а денес и официјално беше отворен кампот на фудбалот и пријателството.

Од Мадрид за Топспорт, Кристијан Ландов

Scroll to Top