Ракометната репрезентација на Македонија доживеа незгоден пораз од 27:25 од Чешка, откако по одличното прво полувреме во кое имавме два гола предност (11:9) дозволивме противниците со прекрасни шест минути во второто полувреме да го свртат мечот и да направат три гола предност од кои потоа немаше опоравување.
Поразот значи дека за пласман во втората фаза ќе мораме да одиме на резултат против домаќинот Австрија, кои имаат 2 поени и вечерва ја пречекуваат Украина, што ќе биде многу тешко за остварување.
А во првото полувреме, сè одеше според планот. Со одлична игра во одбраната ги ограничивме Чесите на само девет гола, а во нападот и покрај тешкотиите оддржувавме предност благодарение на Кирил Лазаров и Дејан Манасков.
Но, на почетокот на второто полувреме, Чесите направија серија од 6:1 и целосен пресврт за да поведат со 15:12. Лазаров со два гола успеа да не доближи на гол-разлика, но Чесите повторно дојдоа до три разлика. На седум минути пред крајот, успеавме да доближивме на гол разлика (22:21), за Манасков да израмни на 22:22, по што се играше гол-за-гол до крајот на мечот во драматична завршница
Ветеранот Ондреј Здрахала погоди за 26:24 на две минути пред крајот за да го „реши“ мечот, по што Лазаров со брз гол намалува на 26:25, за во следниот напад Чесите повторно стрелаа за конечни 27:25.
Лазаров со 11 гола беше најдобриот стрелец во македонската репрезентација, Манасков додаде 5, а Гоце Георгиевски уфрли 4.
ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО, 2.КОЛО
ГРУПА Б
Чешка – Македонија 27:25 (9:11)
Австрија – Украина 18.15 ч.
Табела: 1.Австрија 2, 2.Чешка 2, 3.Македонија 2, 4.Украина 0
ГРУПА Д
Португалија – Босна и Херцеговина 27:24 (12:11)
Франција – Норвешка 18.15 ч.
Табела: 1.Португалија 4, 2.Норвешка 2, 3.Франција 0, 4.БиХ 0
ГРУПА Ф
Швајцарија – Полска 31:24 (14:12)
Шведска – Словенија 18.15 ч.
Табела: 1.Шведска 2, 2.Словенија 2, 3.Швајцарија 2, 4.Полска 0