Ракометарките на Црна Гора останаа со шанси за пласман во полуфиналето на ЕП во Франција, откако во големото дерби со пресврт стигнаа до победа од 28:27 над Србија, и ги исфрлија соседите од математиката за полуфинале.
Србинките подобро го стартуваа мечот и имаа предност од три гола (15:12) на полувремето, пред во второто полувреме, Црногорките да се вратат и во драматична завршница да слават со 28:27.
Ѓурѓина Јауковиќ, Мајда Мехмедовиќ и Милена Раичевиќ имаа по шест гола за Црна Гора, додека на Србија не им помогна ниту расположената Катарина Крпеж Слежак со 12 постигнати голови.
Црна Гора сега има 4 поени и е на третото место во групата 1, со еден поен помалку од второпласираната Франција и поен пред Шведска. Во среда, во последното коло по групи, Црна Гора игра со „отпишаната“ Данска, Шведска за противник ја има моќната Русија, додека Франција игра со Србија, што значи дека на Радичевиќ и „друштвото“ ќе им треба помош од Србинките – да направат изненадување против домаќините, а тие да ја победат Данска.
ГРУПА 1
Русија – Данска 32:21 (14:9)
Црна Гора – Србија 28:27 (12:15)
Табела: 1.Русија 8, 2.Франција 5, 3.Црна Гора 4, 4.Шведска 3, 5.Србија 2, 6.Данска 2
What a goal, by Raicevic – and how important could this be for Montenegro? ?@rssrbije #ehfeuro2018 #SRBMNE #handballissime pic.twitter.com/Y2QHmYAko1
— EHF EURO (@EHFEURO) December 10, 2018
Well saved by @rssrbije goalkeeper Marija Colic as #SRBMNE looks look going to the wire ?#ehfeuro2018 #handballissime pic.twitter.com/rCoGmUKYLf
— EHF EURO (@EHFEURO) December 10, 2018
Great finish by Radicevic! Montenegro are coming back at @rssrbije – and do so in style! ?#ehfeuro2018 #SRBMNE #handballissime pic.twitter.com/mdFQaVISZG
— EHF EURO (@EHFEURO) December 10, 2018