Top Sport

Црногорките пред Мундијалот останаа без селектор

Драган Аџиќ повеќе не е селекторт на женската ракометна репрезентација на Црна Гора. Актуелниот тренер на Будуќност, синоќа, со победата над Вајперс 26:23 обезбеди пласман во наредната фаза во Лигата на шампионките, но го заврши својот ангажман на кормилото на националниот тим.

Оставката на Ациќ значи дека репрезентацијата в понеделник без селектор ќе ги започне подготвките за настапа на Светското првенство кое од 1 до 17.декември ќе се одржи во Германија.

„Што се однесува до репрезентацијата, ќе го почекате соопштението на Ракометниот сојуз на Црна Гора. Немам коментар се додека не излезе соопштението“, им изјавил Аџиќ на медиумите.

На прашањето дали тоа значи дека поднел оставка, тој рекол.

„Благодарен сум за се што се случи во овие 18 години. Исклучителна чест е да се биде тренер во својата земја и град цели 18 години. Седум години без на две места и во клубот и во репрезентацијата. Не сум ништо полош тренер него што бев во 2012 година, бидејќи секојдневно работам на своето усовршување“, рекол Аџиќ.

Драган Аџиќ Црна Гора ја предводеше од 2010 година и успеа да освои европска титула и олимписко сребро.

Како главна причина за оставката медиумите го наведуваат несогласувањето на селекторот со челниците на Сојузот. Наводно Аџиќ имал намера да оди на Мундијалот со малди сили, односно не сакал во националниот тим да ги повика искусните Радичевиќ, Јовановиќ и Булатовиќ.

Извори блиски до Ракометниот сојуз на Црна Гора тврдат дека нов селектор на репрезентацијата ќе биде Швеѓанецот Пер Јохансон кој со Шведска во 2010 година освои сребро на европското првенство.

Scroll to Top