Top Sport

Хјуз: Гигс треба да стане велшки селектор

Марк Хјуз го поддржа својот сонародник Рајан Гигс со изјавата дека легендата на Манчестер јунајтед треба да е новиот селектор на Велс по заминувањето на Крис Колмен.

Колмен во петокот се откажа од репрезентацијата откако не успеа да ги однесе на СП во Русија, за да стане менаџер на Сандерленд во англиската втора лига, и според британските медиуми Гигс е фаворит за улогата. Хјуз, уште една легенда на Јунајтед, имаше шанса да биде велшки селектор пет години од 1999 до 2004 година, пред да замине во Блекбурн.

„Мислам дека Гигс треба да е кандидат и е добар избор. Знам од моето искуство кога рано станав селектор на Велс и тоа не во идеални услови. За мене тоа искуство беше бесценето“, вели Хјуз.

Гигс, кој имаше 64 натпревари во дресот нa Велс, беше преоден менаџер во Јунајтед четири натпревари во 2014 година по отпуштањето на Мојс, по што беше помошник на Луис ван Гал.

Колмен го напушти Велс, станува тренер на Сандерленд

Scroll to Top