Црна Гора ја совлада Србија 31:29 во осмина-финалето на женскиот ракометен Мундијал кој се игра во Германија.
Србинките велегоа како фаворитки во овој дуел бидејќи во конкуренција на Холандија, Германија и Јуѓна Кореа го освоија првото место во Д-групата, не ја оправдаат таа улога против селекцијата која во последното коло со ремито против Бразил успеа да го освои четвртото место во Ц-групата и да обезбеди пласман во нокаут фазата.
Контранападите и брзиот центар на Црногорките се покажаа како непремостливи пречки за српските репрезентативки.
Клучната серија за победата Црногорките ја направија во средишницата од првиото полувреме кога со серија од шест гола направија предност од пет гола 8:3.
Разликата беше иста на полувремето (14:9), а иако во второто полувреме Србинките се обидоа, сепак не успеаја да ја стигнат предноста на противничките. Неколку пат Србија се доближуваше на негатива од три гола, но повеќе од тоа не успеа да се доближи.
Ракометарките на Вардар Јованка Радичевиќ и Драгана Цвијиќ беа најекспонирани на овој натпревар. Цвијиќ ја преводеше Србија со седум гола, Андреа Лекиќ не постигна гол, додека Радичевиќ беше најфикасна кај Црногорките со девет гола од десет обиди, а Катарина Булатовиќ постигна шест гола.