Top Sport

Црногорките пропуштија шанса за голема победа над шампионките

Актуелните европски шампионки, Французинките, се намачија со Црна Гора, но на крајот стигнаа до 24:23 (11:12) победа во нивниот прв меч на Европското првенство во Данска и Норвешка. Хрватките пак, во уште еден тесен меч со 24:22 ги изненадија Унгарките.

Црна Гора имаше фантастично прво полувреме, во кое имаше гол предност (12:11), и го заддржаа водството и во второто полувреме – на 12 минути пред крајот имаа +2 (18:16). Тогаш, Франција направи серија од 4:0, Црногорките добија две исклучувања, а Амандин Лејно блесна на голот за целосен пресврт, од кој потоа немаше враќање.

Кај шампионите дури три ракометарки постигнаа по 3 гола – Флипе, Кујате, Нијакате и Валентини, додека кај Црна Гора, Јованка Радичевиќ и Мајда Мехмедовиќ уфрлија по 5 гола.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО 2020

ГРУПА А

Франција – Црна Гора 24:23 (11:12)

Данска – Словенија 20.30 ч.

ГРУПА Ц

Унгарија – Хрватска 22:24 (12:12)

Холандија – Србија, одложено

Scroll to Top