Top Sport

Црногорките со лесна победа, Данска се намачи во скандинавското дерби

Црна Гора го стартуваше настапот на Европското првенство во ракомет за жени со убедлива 36:32 победа над Словенија, предводени од одличната Јованка Радичевиќ, која постигна седум голови.

Црногорките беа во водство од почетокот до крајот на мечот, правејќи разлика од шест гола (18:12) на полувремето, по што рутински стигнаа до победата, за да се израмнат со Русинките на првото место во тешката група во која се и домаќините, Франција.

Дуелот на двата скандинавски фаворити, Данска и Шведска помина интересно, откако во драматична завршница Данките стигнаа до 30:29 победа. Данките првпат дојдоа во водство во 35. минута од мечот, по што се играше гол-за-гол до финишот на мечот. Мете Транборг ги предводеше Данките со седум голови, Ане Хансен имаше пет, додека кај Шведска, Натали Хагман уфрли седум.

ЕП 2018, ФРАНЦИЈА, 1.КОЛО

ГРУПА А

Данска – Шведска 30:29 (15:16)

Табела: Србија 2, Данска 2, Шведска 0, Полска 0

ГРУПА Б

Црна Гора – Словенија 36:32 (18:12)

Табела: Црна Гора 2, Русија 2, Франција 0, Словенија 0

Scroll to Top