Top Sport

Цупара: Судиите беа за Хрватска, Чупиќ само плачеше

Српскиот голман Владимир Цупара се пожали на одлуките на судиите при 23:20 поразот од Хрватска во вчерашното балканско дерби на Европското првенство во Унгарија и Словачка, посочувајќи го поранешниот Вардарец, Иван Чупиќ за притисокот кон судиите.

„Чупиќ плачеше на секоја одлука на судиите. Жал ми е што ќе го кажам ова, но судењето беше на страната на Хрватска. Никогаш не ги коментирам судиите, но… Десет фаули во напад ни досудија. Добро, двете исклучувања на стартот на мечот беа заслужени, Марсениќ и Борзаш удрија во глава, но никогаш не сум видел судиите во првата минута од мечот да ги разгледуваат снимките“, вели Цупара.

Scroll to Top