Top Sport

УФЦ: Катар ја доби „војната“ против Чикадзе, па отиде да го посети во болница

Калвин Катар имаше победничко враќање во УФЦ октагонот на УФЦ Вегас 46, откако ветеранот го декласираше Грузиецот Гига Чикадзе во главниот меч во сосема еднострана борба.

Чикадзе почна одлично со удари со нозете, но откако беше соборен, Катар ја презеде контролата на мечот упатувајќи огромен број на удари во главата, што почна да се забележува веќе во втората рунда. Сепак, грузискиот „воин“ не се предаде и изддржи до петтата рунда, пред Катар да биде прогласен за победик на поени.

Последиците од борбата беа јасни од фотографијата која ја сподели Чикадзе по мечот, во која беше со својот противник.

Scroll to Top