Top Sport

Данците ја „прегазија“ Холандија за сигурно полуфинале

Данска уште еднаш е фаворит за злато, откако со 35:23 (21:12) ја декласираа Холандија и обезбедија сигурен пласман во полуфиналето на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Данците направија предност од 10 гола уште во првото полувреме, и покрај сите обиди на Холанѓаните за камбек во второто полувреме, на крајот стигнаа до рутинска победа, нивна трета во втората рунда и вкупно шеста на шампионатот. Холанѓаните за мечот беа ослабени со отсуството на најдобриот стрелец на турнирот Кеј Смитс, кој како повеќе ракометари на турнирот имаше позитивен тест на КОВИД-19.

Матијас Гидсел беше расположен за Данците со 9 постигнати голови, додека по седум имаа Микел Хансен и Јохан Хансен, додека кај Холандија, Ивар Ставаст заврши со 4 гола.

На Данците им останува последното коло против големите ривали Французите.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top