Top Sport

Данците немаа проблем со Швајцарија

Данска со 31:26 (14:8) ја победи Швајцарија во вториот меч од нашата група 7 од квалификациите за Европското првенство во 2022, потврдувајќи ја фаворитската улога во нашата група со рутинска победа. Вчера, Македонија со 33:24 ја победи Финска, и веќе во сабота гостуваме кај Швајцарците.

Предводени од фантастичниот Никлас Ландин на голот, светските шампиони, Данците ги оставија гостите на само 8 голови во првото полувреме, и иако овој однос беше подобар во второто полувреме, Швајцарците во ниту еден момент немаа шанса за камбек.

Расмус Лауге имаше 9 гола за Данска, Сван и Нилсен додадоа по 4, додека кај Швајцарците Андре Шмит беше најефикасниот на мечот со 10 гола.

Scroll to Top