Данската „ТВ2“ излегува со сензационална вест дека осум ракометни судијски двојки се вмешани во „местење“ на мечеви, од кои ги именуваат само македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, како и хрватските судии Матија Губица и Борис Милошевиќ.
Според нивните информации се работи за извештај од 2018 од „Спортрадар“, аналитичка фирма која оценила дека 26 мечеви биле наместени во периодот од септември 2016 до ноември 2017 и кои се мечеви од Лигата на шампиони, од кои во два случаи судии биле Николов и Начевски. „ТВ2“ во петокот контактирало со македонските судии, кои немале кментар на обвинувањата.
Во центарот на скандалот тие ги посочуваат хрватските судии Губица и Милошевиќ, кои им судеа на Данска во финалето на СП во 2021 против Египет, кое беше решено во продолженија и по пенал-серија.
Линк на оригиналната вест на данската ТВ.
#Handball : 8 binômes liés au trucage de matchs.
Plusieurs d'entre officient actuellement au championnat du monde comme Gubica/Milosevic 🇭🇷, Nikolov/Nachevski 🇲🇰G.Nachevski aurait des liens avec le crime organisé et des fraudeurs de matchs déjà connushttps://t.co/lKGd5vtEVD
— Le Stade (@LeStadeFR) January 15, 2023