Top Sport

Данците одиграа фер и ја избраа Франција, Норвешка против Германците!

По последните мечеви од групната фаза на Светското првенство во Германија и Данска, познати се полуфиналистите, и ко-организаторите на ракометниот Мундијал можат да закажат „состанок“ само во финалето.

Данска, и покрај сите шпекулации дека можат да им „пуштат“ на Швеѓаните и така да и ускратат на Норвешка место во полуфиналето, на крајот ги совладаа „трите круни“ со 30:26 (13:13), за да го обезбедат првото место во групата Ф и дуел со Французите, додека Германија со 31:30 (17:16) го победи европскиот шампион Шпанија, за прво место во групата Е и пресметка со Норвешка во полуфиналето.

Данска почна подобро пред гласната домашна публика во Хернинг, меѓутоа Швеѓаните се вратија во игра и поведоа со три гола разлика, пред домаќините да израмнат на полувреме (13:13). Шведска второто полувреме го тргна со цел да се направи потребната разлика, но домаќините направија пресврт и пак поведоа за на крајот да триумфираат со 30:26.

Микел Хансен со шест гола беше лидер на Данците, Ландин имаше пет, а Сван и Лауге по четири, додека Швеѓаните најдобар стрелец имаа во Толбринг со осум гола.

Германците пак, постојано беа во предност против Шпанците, за да го исконтролираат второто полувреме за да го освојат првото место во својата група.

Фото: ЕПА

СП ГЕРМАНИЈА/ДАНСКА, ПОЛУФИНАЛЕ

Данска – Франција

Германија – Норвешка

 

 

Scroll to Top