Ракометната репрезентација на Данска ја одбрани светската круна откако ја совлада Франција во финалето во Стокхолм со 34:29. Селекцијата на Николај Јакобсен за првпат во историјата стигна до трет последовен триумф на мундијалите.
Во меч со неверојатно темпо, Данците покажаа голем квалитет, доминираа бековите Питлик и Лауге Шмит, кои беа незадржливи за француската одбрана.
„Триколорите“ успеаја да се вратат на крајот на првиот дел на еден гол негатива (16:15), иако Данска фуриозно почна и поведе со 6:2.
Сепак, во второто полувреме Лауге Шмит, но и Менсах ларсен со добра епизодна улога, ја надиграа Франција.
Третото место им припадна на Шпанците кои со 39:36 ја победија Шведска.