Top Sport

Данецот Хенеберг, ново големо засилување за Еурофарм Пелистер

Македонскиот ракометен клуб Еурофарм Пелистер доведе уште едно големо засилување непосредно пред европскиот дуел против Архус на 25 октомври во Битола. Се работи за досегашниот ракометар на дански Архус, Себастијан Хенеберг, кој доаѓа на инсистирање на тренерот Ларс Валтер.

„Особено задоволство ни претставува што денес можеме да го претставиме првиот дански ракометар кој ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер. Нов член на нашиот клуб е Себастијан Хенеберг, кој потпиша договор до крајот на сезоната и веќе го започна тренажниот процес со новата екипа. 28-годишниот Хенеберг доаѓа во Битола од данскиот првак Алборг и игра на позициите лев и среден бек. Висок е 197 сантиметри, тежок 101 килограм и неколку години по ред настапува во Лигата на шампионите.

Хенеберг блесна во Силкеборг и Архус и во сезоната 2019/20 потпиша за норвешкиот првак Елверум. По една сезона во овој клуб и сите освоени трофеи, потпиша за Алборг, од каде што доаѓа во Битола“, се вели во соопштението на клубот.

Дебито на Хенеберг се очекува следната недела на натпреварот против Пролет од седмото коло на групата Б на Суперлигата.

Scroll to Top