Top Sport

Данска чува „круна“, напаѓаат „трите круни“ – Шведска сака прекин на постот

Последен ден на Светското ракометно првенство за мажи во Египет. На програмата 2 дуели, оној за бронза меѓу Франција и Шпанија и големото финале Данска – Шведска.

Данска до можност за одбрана на титулата стигна по пенал-драмата со домаќинот Египет во четвртфиналето и по ефикасниот меч и доминација против Шпанија во полуфиналето.

Швеѓаните, пак, во четвртфиналето лесно излегоа на крај со Катар, а во борбата до финалето ја изненадија фаворизираната Франција благодарение на одличната одбрана и ефикасниот напад.

Пред 2 години Данска се искачи на ракометниот трон, сега ја браната „круната“, а Шведска сака да го прекине долгиот пост без светска титула. Последен пат „трите круни“ беа светски шампиони во 1999 година.

Данците и денеска се фаворити, но Швеѓаните кои дојдоа речиси со втор состав ги изненадија сите со влезот во големото финале, па вечерва, со почеток од 17.30 часот се е можно на мечот што ќе се игра во Каиро.

Мечот за бронза меѓу Франција и Шпанија е со почеток од 14.30 часот.

Scroll to Top