Top Sport

Данска го доби дербито со Хрватска

Данска славеше победа над Хрватска 27:25, во последниот меч од третото коло, во Групата 1 на Европското првенство во ракомет. Данците со овој триумф направија голем чекор кон освојување на првото место во групата и ги оставија Хрватите без шанси за пласман во полу-финалето.

Хрватите добро се држеа против актуелните светски шампиони, но немаа сили да направат комплетно изненадување.

Хрватска, успеа да се врати во првиот дел по негативата од четири гола (8:4), да израмни на 10:10, но Данците на полувреме имаа предност 12:11.

Данците на стартот од вториот дел стекнаа предност од три гола, Хрватска се доближи на гол негатива во 42.минута. Гојун тогаш доби исклучување, Данците повторно ја вратија предноста од три гола, која до крајот без проблем ја одржаа.

Микел Хансен осум гола, и Никлас Ландин со 10 одбранија предводеа Данска, кај Хрвстска се истакна Марино Мариќ со осум гола.

Група 1, Табела: Данска 6, Исланд и Франција по 4, Холандија и Црна Гора по 2, Хрватска 0.

Scroll to Top