Данска и покрај обидот на Исланѓаните за камбек во второто полувреме, забележа релативно лесна 28:24 победа за отварање на втората рунда на Европското првенство во Унгарија и Словачка, додека Норвешка покажа доминација против Полјаците победувајќи со 42:31.
Кевин Мелер имаше 13 гола, а Матијас Гидсел додаде девет за Данците, кои сега се израмнуваат со Франција на врвот на групата 1, додека за Исланд ова е прв пораз на турнирот, по импресивните три победи во првата фаза.
Норвешка, пак, стигна до најубедливата победа на турнирот, предводени од Себастијан Бартолд со 10 гола и Сандер Сагосен со 9 гола. Норвежаните сега се втори во групата 2 зад Шпанија и израмнети со Шведска, Германија и Русија со 2 поени.
ЕУРО 2022, ВТОРА РУНДА
ГРУПА 1
Данска – Исланд 28:24 (17:14)
Франција – Холандија 34:24 (15:12)
Црна Гора – Хрватска 32:26 (14:9)
ГРУПА 2
Полска – Норвешка 31:42 (15:21)
Германија – Шпанија 23:29 (12:14)
Шведска – Русија 29:23 (16:13)