Top Sport

Данците со ново олимписко злато за збогум на Микел Хансен

Ракометната репрезентација на Данска освои ново олимписко злато.

Данците во финалето ја победија Германија со резултат 39:26.

На стадионот „Пјер Моро“ пред 30.000 навивачи и на збогувањето на Микел Хансен, Данците ги победија Германците, кои во ниту еден момент не го доведоа во прашање конечниот исход од финалето.

Колку Данците беа незапирливи, најдобро говори фактот што голманот Андреас Волф имаше само две одбрани во првото полувреме, кое заврши со резултат 21:12.

Данска до победата ја предводеше Матијас Гидсел со 11 голови, а го следеше Магнус Ландин Јакобсен со седум гола. Легендарниот Микел Хансен, кому ова му беше последен натпревар во кариерата, постигна два гола од седум, и на најубав можен начин се прости од ракометот.

Најефикасен кај Германија беше Јури Нор со шест гола.

Scroll to Top