Top Sport

Дебакл на Македонија во Скопје–Неагу и колешките со стил се пласираа на СП

Женската ракометна репрезентација на Македонија со нов убедлив пораз од Романија, овојпат на домашен терен во Скопје, во СЦ „Јане Сандански“ со 20-35 го заврши баражот за пласман на Светското ракометно првенство. И по 9 години нашите најдобри ракометарки не успеваат да се пласираат на едно големо натпреварување.

Се беше познато уште по првиот меч одигран во Букурешт, во кој Романките славеа со +11 (33-22).

Девојките предводени од Симе Симовски го загубија првото полувреме со 18-10 иако воведот на мечот навестуваше поинаков расплет.

За кратко по стартот Македонија поведе со 3-1, но сето останато потоа во триесетте минути од првиот дел беше во знакот на феноменалната Кристина Неагу (која во второто полувреме доби поштеда од селекторот Василе) и нејзините репрезентативни колешки. Набрзо со серија од 4:0 Романија го презеде водството.

Предноста за Романија постепено растеше за највисоки +8 по крајот на првиот дел.

Слична поставеност на теренот и во второто полувреме.

Македонските ракометарки грешеа во нападот, а Романките од контри и полуконтри ја казнуваа секоја наша грешка за конечни 20:35.

Најпрецизни во победничката селекција беа Моиса со 8 гола и Пинтеа со 4 гола.

Најпрецизни кај Македонија беа Герогиевска со 6 и Ливриниќ со 5 гола.

Освен Романија, пласман на Мундијалот преку бараж дуелите досега обезбедија и селекциите на Русија, Чешка, Австрија, Унгарија, Германија и Црна Гора.

Scroll to Top