Top Sport

Дејан Манасков приведен по натпреварот во Охрид

ГРК Охрид во дербито на 17-то коло, во Супер лигата, го победи актуелниот првак Еурофарм Пелистер со 29:25.

Триумфот на екипата на Борис Ројевиќ, падна во сенка поради инцидентите што се случија по завршувањето на натпреварот.

Дејан Манасков е уапсен поради напад на помошниот тренер на ГРК Охрид веднаш полсе мечот.
„На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола.

Тој, по завршување на ракометен натпревар што, денеска се одржуваше во спортската сала „Биљанини Извори“ во Охрид, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб.

По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава“, извести портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Исто така, гостите ја искршиле вратата од соблекувалната, десното крило Богдан Радивојевиќ имал вербална пресметка со тренерот на ГРК Охрид, а инциденти имало и и во центарот на градот.

Foto/ facebook.com/hceurofarmpelister

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');