Top Sport

Дејвис: Одигравме само петнаесетина минути на потребното ниво

Македонскиот ракометен првак Вардар убедливо го загуби првиот меч од Веспрем (21:30) во осмина-финалето на Лигата на шампионите. Вардарци одиграа според планот само на почетокот од мечот, а потоа Веспрем ја покажа силата во СЦ „Јане Сандански“.

Тренерот Давид Дејвис истакна дека два месеци не се доволен период за тимот да се подготви со него за ваков тип натпревари.

„Честитки за Веспрем за одличниот натпревар. Во овие два месеци работевме напорно со тимот на Вардар, но тоа не беше доволно време за да се подготвиме доволно за нивото што е потребно за овој тип натпревари. Одигравме добро само петнаесетина минути. Продолжуваме да работиме, играчите сериозно си ја сфаќаат работата. Имаме уште еден натпревар, ќе се подготвиме најдобро што можеме. Ништо не е готово додека и теоретски и математички не бидеме елиминирани“, изјави тренерот на Вардар, Давид Дејвис, по убедливиот пораз.

Scroll to Top