Top Sport

Делегатот погрешил, Нуиќ имал право да настапи за БиХ

Делегатот на квалификацискиот натпревар, за пласман во баражот за Светското првенство во Германија и Данска, помеѓу репрезентациите на Босна и Херцеговина и Швајцарија, Дарко Репеншек го доставил својот извештај до ЕХФ во кој ја признава грешката, што значи дека „Томислав Нуиќ, имал право да настапи за БиХ.

Изминатиот месец многу полемики предизвика дуелот, преку кој БиХ со победата 21:15 на теренот избори пласман во баражот и дуел со Норвешка, но Швајцарците триумфираа на едно друго место, во ЕХФ каде беше прифатена нивната жалба и со службен резутат 10:0 го добија дуелот.

Швајцарците се жалеа до ЕХФ на настапот на Ниуќ, кој според нив не бил во протоколот, па со самото тоа немал право да настапи.

Сепак делегатот Репеншек, како што стои во неговиот извештај, на техничкиот состанок со судиите и преставниците на двете репрезентации во базата на ЕХФ биле внесени сите 16 играчи од двете страни, а меѓу нив бил и Томислав Нуиќ.

„Претседателот на БиХ тимот Гордан Музуровиќ ми ја предаде листата со 16 означени играчи. Меѓу нив играчот број 27 Томислав Ниуќ беше наведен под сериски број 9“, стои меѓу другото во извештајот на делегатот.

Од Ракометниот сојуз на БиХ најавија дека „случајот Ниуќ“ не е завршен и дека одлуката победата да и биде доделена на Швајцарија ќе ја обжалат пре судот за жалби на ЕХФ.

БиХ самите се елиминираа од баражот за Светското првенство

Scroll to Top