Ракометната репрезентација на Србија се соочува со големи проблеми пред почетокот на Европското првенство. Ракометниот сојуз на Србија објави дека уште двајца играч се позитивни на коронавирусот.
Нови позитивни во таборот на Србија се голманот Драган Милосављев и Немања Илиќ. Претходно, во периодот од 3. до 6.јануари, позтивни тестови добија Владимир Цупара, Богдан радивојевиќ, Стеван Стретеновиќ, Илија Абутовиќ, Драган Пешмалбек, Немања Зеленовиќ и Вања Илиќ. Позитивен тест имал и селекторот Тони Џерона и уште четворица од стручниот штаб.
Во меѓувреме негативни тестови добија голманот Цупара и селекторот Џерона.
Србија, првиот натпревар на ЕП, ќе го одигра на 13.јануари против Украина. Во оваа група се уште Франција и Хрватска.