Top Sport

Дибиров ги предводеше Вардар до прва победа во дербито со Пелистер

Вардар 1961 го совлада Еурофарм Пелистер со 29:25 (15:11) во првото големо дерби во 4. коло на ракометната Суперлига, за да се зацврсти на првата позиција со четири победи во четири меча.

Мечот беше „прекршен“ во финишот на првото полувреме, кога ја преземаа предноста, која не ја испуштија до крајот на мечот. Вардар имаше 6:1 водство на стартот на мечот, но Пелистер се врати за релативно израмнето прво полувреме.

Битолчани успеаја да дојдат и до гол разлика во финишот на мечот, од 26:25, пред Талески со три гола во финиш да го обезбеди триумфот. Тимур Дибиров беше убедливо најефикасен за Вардар со 10 гола, додека по пет уфрлија Талески и Моралес.

Scroll to Top