Top Sport

Дибиров ќе биде капитен наместо Стоилов: Тој е срце на нашиот тим и ќе ни недостасува

Вардар утре (20.30 часот) ќе го игра полуфиналето во регионалната СЕХА лига против стариот познаник ППД Загреб без капитенот Стојанче Стоилов, кој имаше позитивен тест на КОВИД-19, и на негово место ќе биде Тимур Дибиров, кој признава дека без Столе ќе „страдаат“ на фајнал фор турнирот.

„Тој не е само капитен, туку е срцето на нашиот тим. Ќе видиме дали ќе можеме да успееме без него, бидејќи сигурно сме ослабнати. Но, секоја сезона се почнува од почеток. Тешко е да се игра на високо ниво со толку нови ракометари, но одиме чекор по чекор“, вели Дибиров.

Тренерот Стевче Алушовски признава дека Вардар ќе биде „нов тим“ бидејќи има дури девет нови ракометари.

„Во моментов сум задоволен. Секако, се надевам дека ќе можеме да успееме да го дадеме нашиот максимум. Градиме нов тим, не само за овој турнир, туку за целата сезона. Против Нексе имавме среќа, но ја заслуживме таа среќа“, изјави Алушовски.

ПОЛУФИНАЛЕ НА СЕХА ЛИГА, УТРЕ

Веспрем – Мешков Брест 18.00 ч.

Вардар – ППД Загреб 20.30 ч.

Фото: СЕХА лига

Scroll to Top