Top Sport

Дибиров меѓу ЛШ легендите Лазаров и Карабатиќ со над 1.000 голови

Легендата на Вардар, рускиот ракометар Тимур Дибиров на вечерашниот меч со Пик Сегед стигна до својот 1.000-ти гол во Лигата на шампионите, прикажувајќи фантастична долговечност во елитното европско натпреварување.

На вечната листа, секако, убедливо прв е македонскиот репрезентативец, капитен и селектор, Кирил Лазаров, кој има неверојатни 1.462 гола во ЛШ, и француската ѕвезда, Никола Карабатиќ со 1.101 гол, додека четврт на листата е Данецот Микел Хансен со 961 голови.

Scroll to Top