Ракометарите на Вардар, во неделата, потешко од очекувањата го победија Пик Сегед 34:30 во рамките на 12.коло во Лигата на шампионите и уште само една победа ги дели од освојувањето на првото место во А-групата.
Предводник во победата над унгарскиот тим беше рускиот репрезентативец Тимур Дибиров кој го одигра најдобриот меч сезоната. Дибиров постигна 11 гола со само едно промашување.
Рускиот репрезентативец со изведбата што ја имаше на мечот со Пик Сегед го заслужи своето место во тимот на колото на позицијата лево крило.
Тимот на 12.коло:
Голман: Родриго Коралес (ПСЖ)
Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)
Лев бек: Момир Илиќ (Веспрем)
Среден бек: Раул Ентрериос (Барселона)
Десен бек: Албин Лагергрен (Кристијанштад)
Десно крило: Никлас екберг (Кил)
Пивот: Игор Аниќ (Цеље)
Најдобрите 7 според ЕХФ можете да ги погледнете на следниот линк.
Покрај Дибиров во традиционалниот неделен избор на ЕХФ најде и уште еден играч на Вардар. Пивотот Мијајло Марсениќ постигна еден од најубавите голови во ова коло.
Изборот на Топ 5 голови во 12.коло може да го погледнете тука.