Поранешниот капитен на Металург и долгогодишен репрезентативец, Ванчо Димовски ќе биде дел од тимот на ветераните на хуманитарно-ракометниот спектакл на 3.јануари, во арената „Борис Трајковски“.
Покрај ракометниот натпревар, спектаклот ќе биде збогатен со настапот на Некст Тајм, Меморија, Кики, Александар и Дац. Засега се продадени околу 4.500 билети.