Драгана Цвијиќ, ракометарката на Вардар е избран во идеалниот тим, во Лигата на шампионите оваа сезона. Во конкуренвција за тимот на сезоната беа уште три ракометарки на Вардар (Лакрабер, Лејно, Пенезиќ), меѓутоа само Цвијиќ успеа да влезе меѓу најдобрите седум.
Драга Цвијиќ на почетокот на оваа сезона дојде во Вардар од Будуќност, а од наредната сезона ќе игра во ЧСМ Букурешт.
Во изборот на ЕХФ за најдобрите оваа сезона само Ростов Дон има две ракометарки (Сираба Дембеле и Јулија Манагарова). Инаку Ростов е првиот противник на ЖРК Вардар на завршниот турнир во Будимпешта што започнува утре.
Ол-стар тимот на сезоната 2017/2018
Голман: Кари Алвик Гримзбо (Норвешка) – Ѓер
Лево крило: Сираба Дембеле (Франција) – Ростов Дон
Лев бек: Кристина Неагу (Романија) – ЧСМ Букурешт
Среден бек: Вероника Кристијансен (Норвешка) – Митјиланд
Десен бек: Ана Грос (Словенија) – Мец
Десно крило: Јулија Манагарова (Русија) – Ростов Дон
Пивот: Драгана Цвијиќ (Србија) – Вардар
Дефанзивец: Сузана Томори (Унгарија) – Ѓер
Млад играч: Тјаша Станко (Словенија) – Крим
Тренер: Амброш Мартин (Шпанија) – Ѓер