Германија не успеа да изддржи и да стигне до прва победа над Франција на големите натпреварувања од 2013 година, откако Тимотеј Н’Гесан во последните секунди од мечот постигна гол за 25:25 реми во пресметката за првото место во групата А на Светското првенство во ракомет.
Во текот на првото полувреме, се играше гол-за-гол, но во финишот Германија стигна до +3 (12:9), пред во второто полувреме Франција да се врати и да поведе со 15:14. Сепак, Германците се покажаа постабилни во финишот на натпреварот и ја одржуваа предноста на еден-два гола, пред во драматична завршница Французите прво да намалат на 24:25 преку Кентин Мае од седмерец, па по одбраната на Жерар Винсен, Н’Гесан да го постигне својот прв гол на натпреварот во последната секунда од мечот.
Своја партија на кариерата во националниот дрес имаше Мае, кој постигна девет гола додека за Германија Уве Генсхајмер, Мартин Штробел и Фабијан Виеде имаа по четири гола во „Мерцедес-Бенц арената“ во Берлин. Ова е второ реми за Германците по тоа против Русија.
Франција во последното коло игра со Русија, каде што ќе може да го потврди првото место, додека Германија игра со Србија, која уште теоретски е во игра за третото место.
? Énorme égalisation à la dernière seconde de France – Allemagne signée Timothey N’Guessan ?#FRAALL #GERFRA #HandballWM pic.twitter.com/FtjZ5wTe6w
— Emmanuel Collardey (@E_Collardey) January 15, 2019
Фото: ЕПА
СП ГЕРМАНИЈА/ДАНСКА, 4.КОЛО
ГРУПА А
Русија – Бразил 23:25 (10:15)
Кореја – Србија 29:31 (16:14)
Германија – Франција 25:25 (12:10)
Табела: 1.Франција 7, 2.Германија 6, 3.Русија 4, 4.Бразил 4, 5.Србија 3, 6.Кореја 0
ГРУПА Ц
Саудиска Арабија – Тунис 20:24 (8:12)
Норвешка – Чиле 41:20 (21:12)
Австрија – Данска 17:28 (8:11)
Табела: 1.Норвешка 8, 2.Данска 8, 3.Тунис 4, 4.Австрија 2, 5.Чиле 2, 6.Саудиска Арабија 0