Ракометната репрезентација на Шпанија без еден од своите најдобри играчи ќе се обиде да го одбрани златниот медал на континенталниот шампионат во Словачка и Унгарија. Алекс Душебаев, поради повреда на рамото, нема да настапи за „црвената фурија“.
Поранешниот играч на Вардар, долго време има проблем со десното рамо, поради што за Кјелце игра само во Лигата на шампиони. Оваа повреда Душебаев ја влече од Олимписките игри во Токио.
Лекарите му препорачале на Дуешбаев шестнеделен третман. Десниот бек ја прифатил препораката и решил перидот кога ќе се игра ЕП да го искористи за рехабилитација.
За оваа своја одлука тој го известил селекторот Џорди Ривера.